2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Во 100-от број „Без навреда“ со предлог Детското одморалиште на Пелистер да ѝ се отстапи на Битола

Ноември 01, 2018

Од печат излезе стотиот број на магазинот за хумор и забава „Без навреда“. Опстојувајќи веќе 13 години во македонскиот медиумски простор весникот ги орасположува и насмевнува битолчани, но и преку хумор остроумно и духовито испраќа критики за одредени состојби во општеството. Битолчани привикнаа да примаат месечна доза од вицотеката на уредникот Панде Димитровски и карикатурите на Блаже Докуле, Владо Крстевски, Миле Милевски и други. Двесет и четирите страници изобилуваат со стотина вицеви, афоризми и друг хумор.

 

Во најновиот, стоти број на „Без навреда“ уредникот Димитровски во свој препознтлив стил предлага некоку работи кои се важни за битолчани. Во својата колумна за превозот пишува дека учесниците на фестивалот „Манаки“ се превезуваат од Скопје до Битола и назад, ние во градот сѐ уште не можеме да се разбериме како да ги префрлиме децата од Бучин со Битола и назад, а да не потрошиме пари. „Без навреда“ прадлага: и волкот сит и овците на број. Да се донеси одлука наместо задолжително да има доброволно учење во средните училишта. Па да видиме...

„Без навреда“ се нуди да биде 32 и 33 советник за гласањето да биде парно изводливо и предлага на дневен ред на седница на Совет да се стави Детското одморалиште на Пелистер.

„Бараме Општината преку партиите , односно оние на власт да ѝ предложат на Владата да им го отстапи одморалиштето за децата на Битола. Општината да создаде јавно претпријатие за работење со одморалиштето, да вработи кадри кои ќе се грижат за одморот- рекреацијата на децата, а се надеваме и за одржување на овјектот.

Бидејќи Владата е и мајка и татко се надеваме дека на едно од многуте деца без надокнада ќе им отспати имот кој патем да кажеме дека е надвор од употреба. По ова наше барање очекуваме да се изјаснат многумина за намерите околу овој објект. Можеби предлогот е многу провокативен , но за нас е премногу конструктивен“, пишува “Без навреда“.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани