АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
АД ЕЛЕМ денеска започна голема акција за подигање на заштитен појас околу РЕК Битола во која се садат 50 000 багремови садници. За две години според најавите од менаџментот ќе бидат засадени 150 000 садници од багрем.
На денештото пошумување присуствува генералниот директор на АД ЕЛЕМ Драги Миновски, директорот на РЕК-Битола Васко Ковачевски, градоначалничката на Битола Нашата Петровска , советници, директори на јавни претпријатија и фирми, стопанственици, граѓани. На пошумувањето на се појавија советници од опозициските партии и воопшто претставници на опозицијата и невладини организации иако беа поканати. Присутни беа претставници само на една невладина организација од Новаци, но ниеден од Битола.
Акција за засадување на 50 000 багремови садници започна денес на потегот од рудникот Брод Гнеотино кон Новаци, поточно во околината на РЕК. Во следните две години се планира да бидат вкупно засадени 150 000 садници со што околу Комбинатот ќе се создаде зелен појас за да го намали загадувањето од РЕК врз животаната средина.
Директорот на ЕЛЕМ, Драги Миновски, изјави дека продолжуваат и со други еколошки проекти.
„Ние продолжуваме во делот на нашите еколошки акции и заштита на животната околина. Во следниот период за еден месец ќе го пуштиме во работа системот за отпепелување во РЕК, тоа што го ветивме во претходниот период , веќе сме во завршна фаза од системот за водено отпепелување во РЕК. За следната година предвидено е да се реализира и проектот за реконструкција на електростатсики филтри на РЕК што не е направено од 1996 година. По завршувањето на тоа следува фаза на десулфуризација на РЕК, долгогодишен проект согласно А интегрираната дозвола која е во подготовка ја чекаме во следниот период да биде издадена“, рече Миновски.