2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Дефектот во Брод Гнеотино нема да влијае врз цената на произведената струја, велат од РЕК Битола

Ноември 12, 2018

Човечко невнимание и занемарување на оперативните потреби во подолг период во минатото, се причините за оштетување на дел од металната конструкција на претоварен уред на багерот СРС 2000/2, ангажиран на ископ на јаловина во рудникот Брод-Гнеотино, соопштија денеска од РЕК Битола. Дефектот се случил во саботата на 10 ноември, при што е прекинат ископот и транспортот на јаглен од овој површински коп.

 

-Потенцираме дека се работи за незначителна материјална штета, а последиците од дефектот ќе бидат санирани во рок од една недела со ангажман исклучиво на вработените во ПЕ Рудници. Напоменуваме дека во моментот на незгодата, на работните места беа ангажирани работници со повеќегодишно искуство, соодветно обучени за конкретните позиции во ПЕ Рудници. Целосно ги отфрламе инсинуациите за било какви кадровски промени во Комбинатот по партиски клуч, се наведува во соопштението од РЕК Битола.

Демантираат дека овој дефект на транспортниот уред во Брод Гнеотино ќе влијае врз цената на произведената електрична енергија на АД ЕЛЕМ, а велат нема да аима ниту дополнителен ангажман на надворешни фрими

-Очигледно се работи за безобѕирна шпекулација која во голем дел е последица на еклатантно непознавање на производствениот процес во РЕК Битола. Најголем доказ за домаќинското работење на АД ЕЛЕМ, вклучително и Подружницата РЕК Битола е фактот што Државните електрани на Македонија во текот на годинава седум пати продадоа вишоци електрична енергија на отворениот пазар и остварија приход од скоро 20 милиони евра. Исто така, за првпат по многу години, АД ЕЛЕМ побара од Регулаторната комисија за енергетика и намалување на цената на струјата, се наведува во соопштението.

Вчера лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и пораншене генерален директор на ЕЛЕМ, Христијан Мицкоски рече дека овој дефект во рудникот Брод Гнеотино, можеби нема да предизвика застој во производтството, но со ангажирање на дополнителна механизација за ископ на јгален ќе се зголеми цената на произведената електрична енергија од РЕК Битола. Мицкоски исто така обвини дека причина за дефектот е тоа што  во РЕК Битола се води хајка против компетентни лица, а на нивни места се поставуваат лица кои не умеат да ракуваат со оваа опрема.

Е.М.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани