2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Хеликоптер со скии и ракета со правосмукалка летале над Широк Сокак

Ноември 25, 2018

Битолчани во минатото биле доста инвентивни и вештините ги користеле за да се разубават празниците.

 

 

Хеликоптер со скии и ракета со правосмукалка за новогодишната ноќ во 1963 година летале над Широк Сокак. Ваквата новогодишна атракција со своите макети ја приредил мајсторот по воздухопловно меделаторство Бранко Поповски- Сениор (1926-1966). Починал на 40 години, имал краток живот, но со големи идеи. Битолчани се уште го паметат по неговите воздухопловни макети и љубовта кон летањето и падобранството, но и по најнесекојдневната Нова година организирана до сега на Широк Сокак..

-На татко ми му беше предложено да направи некој експонат за дочекот на Новата 1963 година. Тој се одлучи за макета хеликоптер со ротирачки елипси и вградени два електромотори. Одлучи да направи и летачка чинија од каширана и обоена хартија. Изработените макети ги прегледа стручна комисија која одлучи дека се добри за да бидат изложени во централниот дел на градот, поточно на крстосницата пред денешен „Епинал“- раксжаува Перица Поповски, син на Бранко-Сениор.BRANKO Popovski Senior TATKO SCAN 2

Истовремено на доработка му била дадена и макета од ракета изработена од паралека во основното училиште „Тодор Ангелевски“.

-Мојот татко одлучи во неа да ја вгради нашата домашна правосмукалка , која беше штотуку купена и во тоа време беше доста скапа. Правосмукалката беше прилагодена да дува за да ги разбранува хартиените ленти и да има поголем ефект. Двата експонати беа подигнати од страна на противпожарната единица, а татко ми ги следеше активностите. Околу макетите имаше мали сијалички кои навечер даваа посебен сјај- додава Поповски.

Бил постигнат голем ефект, а интересот на граѓаните бил огромен. На Широк Сокак немало место каде да се помини од насобран народ. Сите се воодушевувале на леталата, само синот и сопругата на Поповски чекале да се приземјат.

-Мојата загриженост беше за скиите кои ми ги зеде и ги стави на хеликоптерот, а беа германски и се очекуваше да падне снег, а мојата мајка беше загрижена за правосмукалката вградена во ракетата- се присетува синот.

Поради ваквата напредна идеја градската управа одлучила да го награди со паричен надомест. Тој и претходно изработувал макети на летачки чинии, амфибии, ракети, ракета на камион, а хеликоптерот бил еден од неговите последни проекти бидејќи веќе следната година се разболил и починал во 1966 година.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани