Нашата Мила Ивановска се закити со бронза на 15 Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки во Боцвана, Африка

Декември 10, 2018

Средношколците  Мила Ивановска од Битола, ученичка во втора година во гимназијата „Јосип Броз Тито“-Битола,  Димитар Џорлев од Струмица и Дарко Стојчев од Кавадарци се закитија со бронзени медали  на 15 Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки во Габароне , Боцвана,  што се одржува  од 2 до 11 декември, годинава. На Олимпијадата од Република Македонија учестуваа шест деца Мила Ивановска од Битола, Димитар Џорлев од Струмица,  Дарко Стојчев и Мајкл Георгиевски од Кавадарци, како  и Дамјан Јанчевски и Бисера Јанчевска од Скопје.

Учениците се натпреваруваа во области  од физиката,  хемијата  и биологијата.

 

Со нив беа и професорите од Природно математичкиот факултет во Скопје, проф. Ламбе Барандовски по предметот физика,  проф. Марина Стојановска по хемија и  Елена Рафајловска од биологија,  кои ги подготвуваат  натпреварувачите секој петок и сабота во Скопје со лабораториски вежби и задачи.

Претходно битолчанката Ивановска се закити со бронзен медал на Меѓународната  јуниорска олимпијада за деца до 16 години IJSO-2017  што се одржа во Холандија, во градовите  Арнхем и Најмеген.

Ивановска беше  единствената од шесте натпреварувачи од Македонија (кои настапија во два тима по тројца натпреварувачи, двајца ученици од Битола и по еден од Скопје, Охрид, Прилеп и Гевгелија), која успеа да освои трето место и бонзен медал на напреварот по физика, хемија и биологија одговарајќи  три  дена на прашања и задачи, а еден ден  ги покажа своите вештини и со екперименти.

Годинава Ивановска  се закити со бронзен медал и на Јуниорската Балканска  математичка олимпијада, која се одржа од 19 до 24 јуни во Родос, Грција. На олимпијадата учествуваа претставници од 17 земји, од кои 11 официјални и 6 гости, Бронзениот медал, е уште еден висок резултат, во низата успеси на младата битолчанка.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани