2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Битола и Епинал се запишаа во Златната книга на збратимувањето

Декември 10, 2018

Француското и македонското знаме деновиве се веат едно крај друго во градот Епинал, семестен во областа Лорена, кој важи за еден од најцветните и комунално најуредени градови во Франција. Епинал деновиве го слави својот заштитник Свети Никола, а заедно со делегацијата од Општина Битола беа одбележани и 50 години од збратимувањето на двата града.

 

4

На свеченоста градоначалниците на Епинал и на Битола, Мишел Хајнриш и Наташа Петровска ја потпишаа Повелба за соработка и Златна книга по повод големиот јубилеј од збратимувањето.

„И еве, тука во Епинал, одбележуваме заеднички една историја, една традиција, една силна врска која трае непрекинато веќе 50 години. 5 децении за нас некој го трасирал овој пат. Ние сега ја трасираме иднината за нашите генерации. Ние сега, со ова заедничко пријателство и блискост, Вашето присуство во Битола и нашето во Епинал, покажува дека ни е важно ова пријателство да трае, да опстојува, да се негува и постојано да расте. Затоа за нас претставува огромна чест, што во квартот кој го носи името на нашиот град Битола, сега има и сквер Битола“, истакна Петровска.2

Во Епинал најубавиот станбен блок се вика Битола, а тамошните жители покрај Французи, се нарекуваат и битолчани. Битолската делегација имаше можност да го открие информативното пано за историјатот и географската положба на градот Битола, поставено на влезот од квартот Битола во Епинал. На овој начин, велат од локалната самоуправа на Епинал, самите жители на квартот Битола ќе знаат повеќе работи за градот чие име го носи нивниот кварт. На паното поставена е карта како се стигнува од Епинал до Битола, колкава е оддалеченоста, а градот е претставен како место опкружено со житницата Пелагонија, планината Пелистер, место кое изобилува со манастири, па затоа бил во минатото и наречен Монастир, со богато историско минато, од кое денес се останати стари градби, административен, агрокултурен и универзитетски центар.5

6

За време на прославата во Меѓуопштинската мултимедијална библиотека во Епинал беше отворена изложбата „Фотографското творештво на браќата Манаки“ од авторот Роберт Јанкулоски. Изложбата ја отворија градоначалникот на Епинал, Мишел Хајнриш и градоначалничката на Битола Наташа Петровска.

Повелбата за збратимување меѓу Битола и Епинал беше потпишана во 1968 година за време на празникот Илинден во Битола и верификувана на „Свети Никола“, на денот на заштитникот на овој француски град истата година. Иницијативата за збратимување ја покренаа француските борци предводени од тогашниот поручник Пол Роа, подоцна главен архитект на градот Епинал кој за време на Првата светска војна престојувал во Битола.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани