2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Битолските „Ѕвончиња“ музичката магија ја раширија на германски јазик (фотогалерија)

Декември 09, 2018

Битолскиот хор „Ѕвончиња“ ја распрска предновогодишната музичка магија овој пат на германски јазик. Педесетина деца од две до 15 години, членови на овој реномирам детски хор, изведоа целовечерен концерт пеејќи германски детски песни. Концертот што се одржа во Центарот за култура, беше дел од богатата програма со која деновиве се одбележуваат 22 години од постоењето на Здужението за македонско-германско пријателство и соработка. Младите хористи подготвувајќи ги песничките имаа можност да го вежбаат својот музички талент и да го збогатат  речникот со германски зборови.

 

„Песните ги избравме внимателно со помош на австриската конзулка Валентина Илиева. Тоа се песни кои ги знаат сите деца во Германија. Ја воспеваат Новата година, годишните времиња, мајката... Сите се со едукативен карактер. Бидејќи ги пееја на германски јазик макотрпно работевме три месеци, а м-р Симона Монавчева им помогаше околу правилниот изговор. Ова беше наш заеднички успех на Ѕвончиња и Здружението за македонско-германско пријателство со кое соработувам 22 години, поточно од моите студентски денови“, рече Марина Коруновска, диригент и уметнички раководител на хорот „Ѕвончиња“.DSC 0142

Инаку, Симона Монавчева која работеше со дечињата на точниот изговор е професор по германски јазик и член на претседателство на Здужението.

Преку концертот се рашири и предновогодишната магија зашто настапот започна со познатата германска песна за ѕвончињата на Дедо Мраз, а потоа се надоврза и и химната на битолските „Ѕвончиња“. Следуваше и другиот музички репертоар, за на крај да се поентира со две композиции од Моцарт и една од Бах во пијано прудужба на Елена Апостоловска.

„Покрај пеењето имаше и сценски настап, децата пееја и покажуваа. На тој начин тие од мала возраст ќе запаметат како на германски јазик се кажува за раце, крпа и други предмети. 'Турскиот марш' од Моцарт мене ми е омилен, па дечињата на концертот ме изненадија и го испеаја само за мене, а јас им се заблагодарив за таа посвета. На таков подарок и толку убав настап на крајот, реков, дозволете и ние што го славиме 22 роденден да ви подариме на Ѕновчињата по едено срце како медењак. Во Германија тие се подаруваат за Божиќ и на Фестивалот во Октомври. Многу вкусни се. Им ги ставивме на дечињата околу вратчињата“, рече австриската конзулка д-р Валентина Илиева, претседател на Здружението за македонско-германско пријателство и соработка.DSC 0163

Бидејќи доаѓа зимата, а тогаш се пие многу чај, хористите од Германското здружение на подарок добија и шолји со логото на Здружението како сеќавање на настанот, а од другата страна логото на „Ѕвончињата“ и првото петтолиние од германската химна за ѕвончињата. Учесниците на подарок добија и новогодишни кеси со германски производи.

Хорот го придружувааше и бенд во кој учествуваа Александра Јаковска на пијано, Томе Спасовски гитара и Александар Гацовки на кахон.DSC 0001

DSC 0005

DSC 0013

DSC 0052

DSC 0018

DSC 0020

DSC 0028

DSC 0042

DSC 0060

DSC 0106

DSC 0101

DSC 0152

DSC 0174

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани