2win800x200

Доста со политика, порачува Шабац во песната „Груевски и Заев“ (Видео)

Јануари 08, 2019

Преку песната „Г.И З.“ што е кратенка од подолгиот наслов „Груевски и Заев“ младиот пејач Дарио Јоцковиќ-Шабац испрати порака против опседнатоста на луѓето со бистрење политика. Во песната што Шабац самиот ја напишал, а аранжманот е на Мими Марковски („Гимел Студио“), тој пее „Груевски и Заев само една иста тема, страв и параноја името ќе ни го менат, а јужниот сосед го мразиме до коска, но во лето на море сите по една фотка“.

{YouTube}https://www.youtube.com/watch?v=GztH9ONVv3c&fbclid=IwAR2VFUQ840SwtqgZMaqdFzW_F08-VHu_xosrrnO2VCHsjpgcZG6BRLUfUI8{/YouTube}

 

Спотот за песната симболично е снимен покрај тунелот на обиколницата над Битола, што се совпаѓа со стиховите: „Ко да сме во тунел каде нема излез, вина бараме во други не почнувајќи од себе“.

„Порака што сакам да ја пренесам преку песната е доста со политика, доста со Груевски и Заев, само тоа не интересира, политиката ни стана дел од секојдневието, па затоа сакам да ставам точка на се’ и да започнеме да се занимаваме повеќе со музика, спорт, да ја оставиме политиката на тие што се платени за тоа“, истакнува Дарко Јоцковиќ – Шабац.

Во песната ги критикува тв и интернет содржините со која растат младите генерации.

„Останаа без детство новите генерации,

нема цртани на тв, само нови седници.

Не ми се верува што ли се случи

како е можно Возење со Драган Вучиќ?

Идиотски серијал критика за гардероба

Сергеј Варошлија со Студио Мода“.

Потоа е опеан животот во Битола, градот на кафето, потенцирајќи дека тони во талогот на филџано, додека младите се селат, а патриотите возат коли со бугарски регистрации.

„Доаѓам во Битола, градот на кафето

полека, но сигурно тони во филџано,

долу во талого, води борба за живот.

Не сакам да биде вака затоа ми е криво

младите се селат, младите си бегат,

а тие само ветуваат празни зборови без дела.

Полно патриоти, Македонија во душа

кола со бг табли, српска музика се слуша“.

На крај, споменувајќи го бегството на екс премиерот Никола Груевски вели „а господин премиер пред очите ви бега, станавме шега, обрачот ни се стега“, за да заврши со поентата дека ова е „кратка приказна за мојата чудесна земја“.

„Песната е снимена во „Гимел Студио“ – Битола, моите долгогодишни соработници, додека текстот и музиката се мои. Спотот го снимавме во еден ден на паркинг во Битола и кај тунелот на обиколницата над Битола, го снимаше и измонтира Дејан Трајчевски. Снимањето помина во доста пријатна атмосфера и премногу сум задоволен од самиот проект, песната е веќе на јутјуб и засега имаме доста позитивни коментари“, истакна Јоцковиќ.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани