2win800x200

Професорот Владимир Роме со нова моќна песна „Овде нема правда“

Октомври 16, 2023

Професорот од Техничкото училиште во Битола, а и поранешен гитарист, автор на музика и текстови од песните на „П.С.бенд“, ја изненади македонската музичка и политичка јавност со неговиот нов музички хит „Овде нема правда“. Песната во себе носи силна порака за состојбите во држава. Објавена е вчера и за 24 часа има преку 3600 прегледи на фејсбук. Професорот само најави дека песната ја напиша со повод, но не навлезе подлабоко во образложување на причините. На нашето прашање за поводот  рече: „Знам дека ве интересира инспирацијата за песната, но за неа не би зборувал во мометов, самата песна кажува се“. 

 Ова е негова нова песна по осум  години.  

„Последната "Срце скршено" која тогаш ја пееше покојниот Зоран Кузмановски-Кузмано беше снимена пред 10 год., а пред 8 год. направив римејк на истата песна во студиото на Ареа во Гостивар. Аранжманот беше на гитаристот на Ареа, Ивица Брчиовски. Оваа песна значи е по 8 годишна пауза. Песната ја компонирав некаде во април, а со снимање почнав во јули во студиото на Раде Стаматов гитаристот во групата Гром. Аранжманот на оваа песна е мој. Во снимањето помогна Павле Јаневски, басистот во групата Фонтана, а ја испеа Бранко Шпољариќ-Паљач фронтменот на групата Чоканче“, вели Роме за Апла.мк. 

 Со свои сугестии во снимањето помогнаа Владо Антески,  екс тапанар на групата Ареа и Ивица Јорданов  од Штип,  гитарист на групата Морал. 

песна

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани