АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Врз основа на Стратегијата за развој на волонтерството во општина Битола 2023-2026 и Акцискиот план за развој на волонтерството 2023-2026, а во соработка со Локалниот Совет за волонтерство, Општина Битола објави јавен повик за доделување на финансиски средства од Буџетот на Општина Битола за реализација на активности од акцискиот план за развој на волонтерството за организирање на волонтерски акции.
Активностите се во насока на остварување на заложбите на Општина Битола за поддршка на граѓанските организации во промоцијата и поттикнувањето на активизмот на граѓаните и нивната поголема вклученост во активности од суштествено значење за локалната заедница, како што е волонтирањето и општествената одговорност.
Волонтерските акции може да се реализираат на отворен или затворен јавен простор (училишта, градински, детски игралишта, плоштади, паркови и сл.) и вклучуваат граѓани од различни целни групи (пол, возраст, етнички и социјални групи, професии и сл.). Идеи за волонтерски акции: расчистување, садење дрвја и зеленило, разубавување на јавни простори, цртање на мурали, изработка на клупи/маси од палети, средување на училишни дворови, бојадисување на огради, вело паркинзи, канти за отпадоци, поправки и бојадисување на клупи, детски реквизити во паркови и сл.
Висината на финансиските средства кои ќе се доделат за организација за волонтерска акција изнесува најмногу до 15.000 денари.
Документацијата се доставува до Општина Битола - Одделение за јавни дејности, Булевар „1-ви Мај” бр.61, во рок од 15 дена од денот на објавување на овој повик (не сметајќи го денот на објавувањето) заклучно со 31.10.2023.
Јавниот повик и апликацијата се достапни на следниот линк https://www.bitola.gov.mk/jav-povik-volonterstvo/.