АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Градскиот часовник во Битола два дена не работеше, а денес надлежни екипи од Општина Битола го поправија. Сказалките беа застанати на десет минути до четири часот. Неофицијално дознаваме дека дефектот бил предизвикан од влага која настанала од студеното време и врнежите снег.
Од Општина Битола за Апла.мк изјавија дека по констатирањето на престанокот на работата на Градскиот часовник во Битола, надлежните екипи од Општина Битола во текот на вчерашниот ден излегоа на терен и започнаа со санација на дефектот. Во текот на денешниот ден дефектот е отстранет, а во моментот се врши опсервација на градскиот часовник, по што се очекува да биде вратен во функција.