АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Интензивно се работи на изградба на стадионот под Тумбе Кафе. Изградбата на северната трибина се одвива според предвидената програма и динамика за реализација на проектот.
Според плановите на Општина Битола изградбата на трибината треба да биде финиширана до крајот на оваа година. Средствата се обезбедени за годинава во висина од 2, 5 милиони евра, така што битолчани до следната 2020 година ќе добијат комплетно опремена трибина за 4500 гледачи , со соблекувални, со прес канцеларии, свечена ложа и сите пропратни елементи.
Претседателот на Совет, Валентин Груевски вели „факт е дека стадионот под Тумбе Кафе добива нов лик, а и ќе го биде. Нови услови за уживање во најважната споредна работа на светот, ама и многу желби за брзо враќање во првата лига на битолскиот миленик“.