2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Мицкоски ја виде северната трибина од стадионот што Петровска ја изгради

Декември 01, 2021

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски изврши увид на северната трибина од стадионот „Под Тумбе кафе“ која во изминатитет четири години ја изгради претходната градоначалничка Наташа Петровска од СДСМ. Мицковски на неговиот фејсбук профил објави дека трибината е започната во 2016 година од страна на претходната локална самоуправа предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Реконструкцијата на стадионот беше еден од најавените проекти на Талески во текот на целиот негов трет мандат, но тој успеа во 2016 година на неколку месеци пред да замине  само да ја урне северната трибина, а потоа да постави поздземна инфраструктура. Трибината ја подигна Петровска вложувајќи во изминатитете четири години над 6,5 милиони евра или 395 419 349 денари. Сега Мицкоски при увидот на трибината најави дека во тек е постака за набавка на столчиња.

„Изградбата на стадионот, односно на северната трибина од функционална целина стадион ‘Под Тумбе Кафе’ Битола е започната во 2016 година од страна на претходната локална самоуправа предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Во моментот во тек се изведуваат градежни активности по забелешките од надзорот. Исто така во тек е постапка тендерска за набавка на столчиња за трибината. Капацитетот на трибината ќе биде 4800 гледачи, а целиот стадион ќе собира 9980 гледачи“, објави Мицковски.

Петровска по доаѓањето за градоначалник во 2017 година изјави дека и покрај тоа што Битола се соочува со големо аерозагадување, парите ќе мора да ги пренамени за изградба на стадонот бидејќи од претходната власт биле потпишани договори кои не можеле да се раскинат. Во изминатите четири години од рушевина се подигна северната трибина на која Мицкоски со претставници од локалната власт изврши увид.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани