АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Власта вдоми партиски кадри во Управните и Надзорните одбори на јавните претпријатија во градот кои не се компетентни за дејноста на претријатието за кое ќе одлучуваат, обвини битолската опозиција на вчерашната седница на Совет. Несовпаѓањето на образованието со дејноста на претпријатието доминира во сите УО и НО во јавните претпријатија обвини Борќе Корлевски од СДСМ.
-Во „Нискоградба“ имате човек со завршена неорганска хемија на производите, а колку што знам во „Нискоградба“ нема производство на храна и пијалаци. Во „Водовод“ имате земјоделец, значи ова ЈП испоачува сирова вода кон граѓаните, а не техничка вода, во Зоолошката градина имате хемичар. По логично би било хемичарот да е во „Водовод“, набројуваше Корлевски велејќи дека наверојатно цената на паушалот била пресудна за ваквата ранг листа на членовите на УО и НО во јавните претпријатија предложени од власта на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата.
Координаторот на советничката група на СДСМ и коалцијата Методија Илиевски рече дека партијата ставила истакнати партиски членови во УО и НО на јавните претпријатија и не се надминала во делот на партизираноста.
-Се работи за истакнати партиски членови послушници на партијата ВМРО ДПМНЕ, луѓе кои биле во јавните и државните претпријатија во перидото кога бевте на власт. Кога го гледам ова можам да претпоставам како вие ќе ја практицирате власта во наредните 4 години. Истите оние луѓе кои ги пустошеа ЈП, повторно ги гледаме како луѓе кои ќе ги раководат УО кои пак ќе го аминуваат работењето на директорите на јавните претпријатија. Очекував да с еодважите и да поставите истакнати професионалци и експерти. На битолчани со овие УО и не преземањето на одговорност на одредени политички чинители во власта, се потврдува дека само за личен интерес и лични цели функционира денешната власт, рече Илиевски.
Од власта пак бранеа дека предложените лица од страна на владечкото мнозинство се лица професионалци во својата област.
-Убеден сум дека предложените лица ќе бидат многу подобри од оние членови во УО кои што ги имаше СДС, велам СДС оти и вие не викате ДПМНЕ. Вие во ЈП за урбанистичко планирање имавте предложено доктор по ветерина. За каква професионалност зборуваме тука? Во однос на мандатот на директорите дали ќе с еменуваат или не можам да кажам дека мандатот на некои од нив веќе изминува и ВМРО ДПМНЕ ќе предложи високо квалиттени кадри на тие позиции, а во однос на тоа колку законито работеле има институции кои тоа ќе го проверат, рече советникот на ВМРО ДПМНЕ Бојан Бојковски.