АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Училницата во старото руинирано училиште во битолското село Трново, одделенската наставничка Ленче Илиевска, ја претворила во шарена бајка.
Со години небојадисаните, испукани ѕидови, се покриени со постери и апликации кои се во функција на воспитно-образовниот процес, а старите прозорци се украсени со завеси во разни бои, така што училницата е пријатно катче за шестте ученици од Трново и Магарево кои овде следат настава од прво до петто одделение. Подрачното училиште во Трново е дел од битолското основно училиште „Трифун Пановски“, а креативната наставничка Ленче оваа бајка ја создала со сопствени средства, но и со поддршка од родителите.
-Кога дојдов пред 9 години, училиштетот го затекнав во катастрофална состојба. Сликата беше морбидна и повеќе личеше на затвор. Одлучив да го променам амбиентот, но, со оглед на состојбите во образованието, морав да се снаоѓам со финансиии, па поголем дел од работите ги купував и се уште ги купувам сама, ги изработувам дома и ги носам во училницата. Но, имам поддршка и од родителите, вели Илиевска.
Таа постојано ја преуредува училницата и вели тоа го прави во зависност од годишното време.
-Ако сега ја посетите училницата, во неа се чувствува пролет, додека пак во зима имаме зимски, а во есен есенски амбиент. Но, вложениот труд навистаина се исплати, затоа што тоа влијае врз децата, имаме подобра работна атмосфера, а тие се среќни. Исто така, имам многу нагледни средства што ги користам за реалзиација на часот. Тоа многу помага, вели креативната наставничака.
Кога пред 9 години дошла во училиштето во Трново, затаекнала тоалет надвор од објектот и покрив кој прокиснувал.
-Во училиштетот немаше ниту тоалет, ниту вода. Но, со донација од црквата и во организација со родителите, заедно со наставничката Ирена Николовска која во тоа време беше во работен однос во Трново, успеавме да го направиме тоалетот внатре во објектот, а се разбира беше донесена и вода. Тоа го направивме по првата година окако дојдов во ова училиште, односно во 2011 година. Соработката со родителите е одлична и заедно со нив обезбедивме ќерамиди и го променивме и дел од покривот кој прокиснуваше.Сега одлучив повеќе да не учествуваме на Велигденскиот панаѓур, а парите кои родителите од Трново и Магарево ги даваат за таа намена, ќе ги пренамениме за да се бојадиса училиштето, затоа што тоа со години не е направено. Училницата е маскирана, тоа не се гледа, но, ѕидовите се во ужасна состојба, има и влага, а еден ѕид може да падне. Тоа мора да се санира, вели Илиевска.
Неодмана по нејзина иницијатива воспоставила соработка со најголемото училиште од Малме, Шведска, а претставници од таму го посетиле училиштето во Трново, го следеле настваниот процес и сега наставничката Илиевска очекува донација за да се замени стариот и дотраен училишен мебелво училиштетот во битолското село Трново.