АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Цветаат липите во Градскиот парк во Битола, чии опоен мирис го најавува доаѓањето на летото. Липите се препознатлив дел на битолските зелени пејзажи и се интегрален дел од старите битолските улици и маала како и дрворедот покрај реката Драгор. Липите се едни од најубавите и најблаготворните растенија, и вистинска привилегија е да си битолчанец затоа што можеш да ги отвориш прозорците и да уживаш во нивната убавина и опоен мирис.