2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

„Водовод“ воведува електронско читање на водомерите

Јуни 25, 2019

Јавното претпријатие „Водовод“ воведува нови практики во работењето со цел да ја подобри комуникацијата со граѓаните, сметките што ги доставуваат  да содржат точни податоци за потрошената вода, но и да се подобри водоводниот систем и снабдувањето со вода од секој аспект. Во наредниот период претпријатието ќе инвестира и во проект за електронско читање на водомерите, со што воведува современи  стандарди на работа, кои веќе се применуваат во други градови. Со тоа ќе сите состојби и промени  за секој водомер ќе бидат евидентирани во база на податоци , а ќе се следи и ангажираноста на секој инкасант. Оваа инвестиција е околу 2 милиони денари. 

-Тоа е надградба на нашиот систем, читањето ќе биде електронско, ќе има програма, а воедно ќе се прави контрола колку пати сме го посетиле граѓанинот, каква ситуација е затекната, тоа ќе биде документирано со фото запис, секој водомер ќе биде сликан, а добиените податоци ќе се внесуваат во систем. Ќе се евидентира секоја сосотојба, рекација од граѓаните, но и она што ќе го затекнат инкасантите-промена на податоци, дали инкасантот може да влезе во станот, во дворот итн, а во следната фаза ќе се бара решение за сите такви проблеми, вели првиот човек на битолски „Водовод“, Горан Козаров.

По скенирањето на целокупната сосотојба, констатирано е дека читањето на водомерите еднаш или двапати годишно е малку и не дава реални податоци за потрошената вода, така што некои домаќинства плаќаат високи сметки, а другите пак им долажат на ЈП „Водовод“. Токму поради тоа јавното претпијатие одлучи водомерите да се читаат почесто

-Во Битола заедно со соседните општини Могила и Ноавци има вкупно 50 илјади водомери, но не се сите активни. ЈП „Водовод“ има 23 инкасанти и 4 контролори, што значи дека секој инкасант има од 1000 до 1200 активни водомери. Ако се читаат еднаш или двапати во годината, немаме реална состојба за потрошената вода, па за подобрување на состојбата, инкасантите трипати годишно или четирипати годишно ќе ги читаат водомерите. Сметаме дека на тој начин состојбата ќе се подобри, граѓаните ќе бидат позадоволни, а сметките поточни. Ако имаме повеќе наплатена вода го ставаме водомерот во мирување или им ги враќаме парите, што е договор меѓу јавното претпријатие и потрошувачот каде ќе се констатира тој проблем, рече Горан Козаров, директор на ЈП „Водовод“

Исто така, редовното читање на водомерите ќе ја намали и злоупотребата на водата од страна на некои потрошувачи, а од ЈП „Водовод“ им сугерираат на гарѓаните неколкупати годишно и сами да ги прочитаат своите водомери и да си направат контрола на потрошената вода, односно на податоците во сметката. Ако има било каков проблем да го пријават во „Водовод“ или телефонски или пак на веб страницата на претпријатието.

-Водата е категоризирана како национално богатство и злоупотребата на водоводниот сисем е кривична одговорност. Со редовно читање на водомерите треба да се намали злоупотребата на водоводниот систем. Таму каде што ќе добиеме големи разлики, ќе преминеме на скенирање на водоводната мрежа за да провериме дали водомерот е манипуран или има некаков дефект во вододводот. Тоа се некои новитети што ги воведувае во нашата работа за подобрување на комуникацијата со граѓаните и наплатата на сметките, вели Козаров.

Од ЈП „Водовод“ упатија апел за подигање на свеста за злоупотрби во водоводниот систем, да има поголема грижа за водата, граѓаните да пријавуваат злоупотреби, а тоа можат тоа да го напарават телефонски, со писмо или преку или преку електронска пошата до јавното претпријатие, од каде велат дека не секогаш сами можат да се справат со овие проблеми.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани