„Незаборав“ по девети пат на Бит фест 2019

Јуни 26, 2019

Манифестацијата „Незаборав“ во организација на продуцентот Панде Димитровски ќе се одржи и годинава по девети пат во рамките на Бит фест 2019.

Ова издание на „Незаборав“ ќе биде посветено на  „Фестивалски фолк рефрени, создадени и изведени од битолчани “ во периодот од 1985 до 2001 година.

-Оваа година ќе бидат изведени композиции во живо од битолчани , автори на музика, текст и аранжман како и изведувачи , пејачи, дуети и групи, изјави за апла.мк авторот на проектот Панде Димитровски.

ппппп

Лани , авторот на „Незаборав“, Димитровски во својствен стил за него, пред присутните на шега рече дека со ова издание го добиле тендерот за одржување на фестивалот до 2030 година.

„Вечерва го добивме тендерот за ‘Незаборав’ 2030 година. Не сакам да зборувам во прво лице еднина, значи тимот што го создава „Незаборав“, продолжуваме со работа со посебна желба и волја и голема благодарност до мојата родна Битола и моето семејство. Се надевам дека еден барем од моите четири внуци и внуки ќе продолжи да го прави „Незаборав“, рече Димитровски.

Претходните години „Незаборав“ беше посветен на: Сашка Петковска, Јонче Христовски, Пепи Бавтировски, Љупчо Спасеновски (Буба Мара), Добри Ставревски, Гоце Николовски и Миле Шерденков и лани „Битолски конзули„.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани