АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Долгоочекуваната зелена нафта првите земјодлеците ќе ја добијат до крајот на месецот, а овој проект влегува во завршна фаза од реализацијата. Ова денеска во Битола го најави директорот на Платежната агенција, Никола Бабовски, и рече дека на тендер е избрана компанија преку која ќе се набавува зелената нафта. Со оваа мерка државата ќе им помага на земјоделците при набавката на гориво за мехнаизацијата со тоа што ќе покрива 30 отсто од нивните трошоци. За таа намена годинава од буџетот ќе бидат потрошени 200 милиони денари, односно 3,3 милиони евра.
-Ние како Агенција распишавме тендер, денес можам да кажам дека е успешно завршен, избран е економскиот оператор. Во текот на наредната недела ќе биде потпишан договорот со економскиот оператор, а до крајот на овој месец земјодeлеците ќе ги добијат првите картички за користење на зелена нафта, изјави Никола Бабовски, директор на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој.
Со мерката ќе бидат опфатени 55 илјади земјоделски стопанства, а во согласност со изработена методологија, висината на поддршката е утрврдена според големината на површините и типот на земјодлеските култури. Земјодлеците долго време ја очекуваат оваа мерка која беше предизборно ветување на сегашната Влада
-Изгубивме 6 месеци во формирање на Владата, уште 6 месеци за законските имени во Законот за земјодлество и рурален рзвој кои се однесуваа токму за зелената нафта беа заглавени во Собрание од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Отккао тоа се зварши, се направи екипа која направи методологија по која ќе се субвениционира оваа зелена нафта, рече Бабовски.
Компанијата која го доби тендерот ќе има рок од 60 дена да ги изработи сите платежни картички кои ќе бидат персонализирани, а земјодлеците ќе можата да купуваат исклучиво еуродизел гориво за земјодлеска механизација за да се избегнат било какви злоупотреби. Картичките ќе им се доставуваат на земјоделците преку подрачните единици на Министерството за земјоделство