АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Општина Битола делумно го поништи решението за легализација на планинарскиот дом „Копанки“ донесено во 2015 година. Со ова се одзема сопственичкото право на Планинанрско спортскиот клуб „Пелистер“ од Битола, и домот се враќа во сопственост на државата, информираат од Општината
Локалната самоуправа до Владата ќе достави барање за објектот да биде даден на користење на Општина Битола, која потоа преку одлуки кои ќе ги носи Советот, ќе пристапи кон реконструкција на планинарскиот дом
„Копанки“ изгоре до темел во пожар во 2013 година, а како бесправно изграден објект беше легализиран во 2015 година. Општината сега со ново решение ја менува само соптсвеноста на објектот и го враќа на државата. Планианрско спортскиот клуб „Пелистер“ има право на жалба до Владина комисија.