2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Елементарна непогода во Преспа- Крани изгледа како да е епицентар на земјотрес (фото)

Јули 11, 2019

Нѐ погоди торнадо! Она што го поминавме, никој да не го доживее! Вака низ солзи, видно вознемирени, летувалците во автокампот Крани крај Преспанското Езеро раскажуваат за страотната ноќ што ја минаа синоќа.

Автокампот кој во последните години успеа да заживее и да ги врати летувалците како во старите добри времиња, денес изгледаше како да беше епицентар на земјотрес. Во оваа туристичка населба скоро и да немаше останато здраво дрво. Невремето имаше откорнато дрвја високи по неколку метри со се длабоките крорени, а некаде и со цементо. На откорнатите места останаа дупки длабоки по две метра.

Додека траеше силното невреме, леутувалците сведочат дека откорнатите и искршени дрвја им ги потиснале камповите. Во цел хаос и паника кои завладеале, вистинска среќа е што нема повредени.

„Ветерот крена ламарини, дрва, дрвата замислете ги корнеше со цементото. Преживеавме хорор филм. Јас бев сама дојдена на летување со трите внуци. Земјата се споии со небото. Само еден господ не спаси. Брзата помош цела вечер беше тука“, ни рече една преплашена средовечна жена.

Семејството Глигоровски и Јовановски од Прилеп се дел од поголемиот број на летувалци кои имаа кампови во Крани, а невремето им ги оштети приколките и помошните простории кои ги преградувале, доградувале и уредувале со години.

„Мексиканско торнадо не погоди. Нешто невидено досега. Град, ветер. Се затворивме внатре ни беше страв да излеземе. Афежето пишти, арно што пиштеа оти ќе не отепаше дрвото. И масата ми е од отпадни материјали направена, го здража држвото, останеме живи, инаку ќе не отпепаше“, вели Славчо Глигоровски.

Летувалците кажуваат дека немало каде да побегнат на посигурно место зашто во близина има само бунгалови, ресторан и рецепција.

Денес екипи на Општина Ресен, Комуналното претпријатие, Поротивпожарната единица и други служби работеа на отстранување на откорнатите и оштетените дрвја. Населбата и понатаму е без струја.

И оние кои имаа среќа да не бидат присутни за невремето во Крани, а имаат камп приколки, денес доаѓаа да видат дали претрпиле штета. Сликата беше возменирувачка.64592963 207634363488980 9162960014711717888 n

64697526 911514139199028 8416825067551326208 n

66288271 2370356339677142 2835075901698342912 n

66399017 327735531490533 3844794074146013184 n

66434412 351607585512524 9071905191913062400 n

66440166 330784781183196 3775396658297176064 n

66450115 711137666023828 6321930914678964224 n

66472156 769672250118649 282024298732847104 n

66440308 469419557182922 8627559308671844352 n

66660998 2383555058595642 3244093209323765760 n

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани