АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Зградата на СОУ „Д-р Јован Калаузи“ кое ја отсликуваше комплетната негрижата во битолското образование во изминатите години, сега добива нов лик. Променет е изгледот на дел од фасадата која се распаѓаше од влага поради дотраената водоводна инсталација во тоалетите во училиштето. Од влагата беа уништени и ѕидовите на училницата до тоалетите. Во вакви услови со години посетуваа настава средношколците од Медицинското училиште во Битола. Освен реконструираната фасада, целосно се санираат тоалетите во училишната зграда, а активностите се во тек. Водоводната инсаталација која беше во очајна сосотојба компелтно е променета, санитариите се пристигнати, се заменуваат старите плочки, а променета е и дограмата.
Овие зафати се изведуваат со пари собрани преку донации што ги иницираше средношколката Медисон Ристевска од Австралија која има македонско потекло. Со овој училишен проект, младата девојка анимираше голем број луѓе од целиот свет и нашата дијаспора да донираат и да помогнат за подобрувње на условите во ова средно училиште. Со акцијата се собраа 40 илјади австралиски долари. Првите контакти за реализација на проектот ги направи професорката по англиски јазик од Медицинското училиште, Марија Магдалена Петковска -Микаровска, позната како Класнето, која испратила писмо за помош до повеќе меѓународни институции, по што бил воспоставен контакт со Медисон. Потоа средношколката започнала со реализација на овој проект.
(Изглед на тоалетите и фасадата пред санацијата)
(Фотографии од градежните работи во тоалетите и на фасадата)
И Општина Битола со јавните претпријатија се вклучија во проектот за подобрување на условите во ова училиште.
ЈП „Комуналец“ го подигна градежниот шут од тоалетите во училишната зграда, а заедно со „Водовод“ и „Нискоградба“ ги изведуваат работите за партерно уредување на просторот околу училиштето.
Во предниот двор на училиштетот поставени се нови клупи, а старите се обновени, поплочен е приодот кон спортската сала, израмнет е теренот, уредени се тревни површини, поставени се бехатон патеки.
ФОД постави рампа со која се спречува влез на втомобили во училишниот двор. Партерното уредување е скоро готово, а следната недела Класнето со нејзините ученици ќе го чистат дворот и патеките од треви.
Околу уредување на задниот двор , на ЈП „Комуналец“ му помогнаа и активисти на Црвениот крст, а „Синпекс“ пак донираше 100 метри црево за наводнување на тревните површини. Исто така, со донации од поединци променети се делови од олуците на заградата, потоа завршено е појадисувањето и променет е ламинатото во директорската канцеларија.