АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
„Водовод“ започна со исклучување на дивите приклучоци на водоводната мрежа кои беа пронајдени по контролите што летово ги спроведе јавното претпријати за утврдување на евентуални злоупотреби од еноромна и неправилна потрошувачка на вода за пиење. Со извршените акциите од страна на ЈКП „Водовод“ Битола откриени се повеќе случаи на нелегално користење на вода за пиење.
-Досега се направени 150 контроли, каде се констатирани 60-тина неправилности од кои во 20 случаи веднаш е реагирано и е решено со опомена, направени се 12 записници од општинскиот инспекторат, 15 пријави од полиција и покренати се околу 8 судски постапки. Со години на диво се приклучени на водоводната мрежа и водата ја користат за наводнување ниви, пластеници, земјоделски површини, фудбалски игралишта, дворови. Се троши питката вода, а при тоа се намалува нормалното водоснабдување на останатите потрошувачи кои редовно ги плаќаат сметките, вели директорот на ЈКП „Водовод„, Горан Козаров.
Исто така, Козаров упати благодарност за соработката на граѓаните кои ги пријавуваат злоупотребите од нелегалното користење на вода за пиење. На терен покрај екипите на ЈКП „Водовод“ Битола во одредени случаи беше и користена асистенција од полицијата и од општинската инспекција. Од претпријатието велат дека и контролите и акцијата за исклучлување на диви приклучоци ќе продолжи и во наредниот период.