2win800x200

СДСМ: Директорот на Водовод, Пеце Милевски, бара зголемување за над 40% на цената на водата за пиење во Битола

Ноември 23, 2023

Локалната власт на ДПМНЕ планира енормно да ја покачи цената на водата за пиење во Битола!

 
Директорот на Водовод и лидер на ДПМНЕ во Битола, Пеце Милевски изгледа нема доволно пари за матните зделки, партиски прослави и полнење на чанти со кеш, па бара поскапување на кубикот вода за огромни 13 денари!
 
Тоа е зголемување за над 40% на цената на водата за пиење во Битола!
 
Наместо досегашните 31.78 денари, Милевски бара битолчани да плаќаат 44.78 денари за кубик вода! 
 
Ако едно просечно битолско семејство троши по 15 кубици вода месечно, со новата цена на водата ќе плаќа по 200 денари повеќе на секоја сметка. Или, годишно од семејниот буџет ќе одат најмалку 2.400 денари повеќе за вода.  
 
Ова е вистинското лице на ДПМНЕ. Безобразно ги уништуваат јавните претпријатија кои ги претворија во партиски штабови, глумат дека се грижат за стандардот на граѓаните, а водата за пиење во Битола ќе ја направат луксуз! 
 
Две години предупредуваме дека ДПМНЕ безмилосно ги пљачка јавните претпријатија и ги турка во амбис. Секогаш кога ДПМНЕ е на власт, во Битола истото се случува – уништување на јавните претпријатија и грабеж на граѓаните!
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани