
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поголемите пекари во Битола за утре најавиле поскапување на лебот за 5 денари од актуелната цена по векна. Во поголемите маркети веќе добиле најава за поскапување на лебот, па вработените ги информираат и потрошувачите дека од утре цените ќе бидат повисоки. Според еден од поголемите маркети во Битола поскапување најавиле и пекарниците „Мигрос“ и „Зашле“ едни од најбараните производи.
Некои маркети веќе потврдуваат дека има поскапување на лебот што се продава сечен на парчиња направен од повеќе видови на бело и интегрално брашно.
