2win800x200

Салмонела е причина за труењето на вработени во РЕК Битола

Март 31, 2026

Салмонела е причина за труењето со храна кај вработени во РЕК Битола. Центарот за јавно здравје ги соопшти резултатите од анализите спроведени заедно со Институтот за јавно здравје, Државниот санитарен и здравствен инспекторат и агенцијата за храна, направени по пријавените случаи на стомачни тегоби во мензата на РЕК Битола на 24 март.

Околу 120 вработени во комбинатот побараа лекарска помош и се пожалија на стомачни тегоби по консумирање оброк – лазањи со сос – подготвен во кујната на РЕК Битола. Кај еден од вработените е констатирано присуство на стафилококна бактерија.

„Врз основа на анализата на клиничката слика на заболените лица и лабораториските наоди кај пациентите, состојбата укажува на појава на салмонелоза. Причинител најверојатно е бактеријата салмонела изолирана кај пациентите која, според важечките прописи за микробиолошки критериуми за безбедност на храната, не смее да биде присутна во прехрамбените производи и суровините“, соопшти директорката на Заводот Светлана Поповска-Кљусева.

Сите заболени се вработени лица во Рудникот каде храната била дистрибуирана во спакуван оброк и јадена со временско одложување. Салмонелата е позната дека многу брзо се размножува на собна температура. Не се евидентирани заболувања меѓу вработените во Термото, каде храната се јадела веднаш по подготовката во контролирани услови.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани