
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Се ожени социјалдемократот Петар Николовски, советник во Советот на Општина Битола. Петар, по две години љубов ја побара раката на убавата радовишанка Маја Ужевска. Петар е дипломиран инженер по информатички науки и комуникациско инженерство, додека Маја од неодмана е магистер по право од областа на граѓанско процесно и граѓанско материјално право.
Ова е втор мандат на Николовски во Советот на Општина Битола, тој е актуелен потпреседател на СДММ, досега ја извршувал и партиската функција претседател на ЛК СДММ Битола, Член на извршниот одбор на СДММ.
На денешната седница на Советот на Општина Битола, Николовски јавно доби честитка од градоначалникот Тони Коњановски за како што рече новиот статус.

А.Б
