2win800x200

Николовски се жали на подолгиот дневен ред - Бојкоски возвраќа: Ние сме за работа!

Јуни 10, 2026
Петар Николовски - Бојан Бојкоски Петар Николовски - Бојан Бојкоски

Битолските советници в петок ќе ја одржат 13 седница на Советот на општина Битола, а овој пат бројот на точките на дневниот ред кои се 66 на број, стана нова пречка на политичко сопнување меѓу опозицијата и власта. 

Советникот на СДСМ во видео изјава обвинува дека власта со „подолги дневни редови“ ги затскриваат реалните состојби, на ова претседателот на Советот Бојан Бојкоски му возврати дека СДСМ се навикнати на неработење, па затоа им пречи обемот на работа на власта. 

 

„Што се обидува да сокрие тандемот Коњановски – Бојкоски? Кога на една седница се трупаат десетици точки од дневен ред, сосема оправдано е прашањето: што се обидува да сокрие локалната власт од очите на јавноста? Колку изнесуваат вкупните обврски на Општина Битола? Додека граѓаните чекаат проекти подобри услови и развој, општината се дави во обврски кои надминуваат 2 милиони евра.  Колку должат јавните претпријатија? Кој ќе понесе одговорност за ваквата состојба? И зошто сите овие прашања се обидуваат да се затрупаат под предолги дневни редови и формални расправи? Битолчани заслужуваат одговори, а не изговори, обвини Петар Николовски, советник и координатор на советничката група на СДСМ и коалицијата во битолскиот Совет. 

 

На Николовски му возрати претседателот на Советот на Општина Битола, Бојан Бојкоски, пишувајќи дека СДСМ останува заглавен во старите навики повеќе жалби, помалку работа. 

 

„Денес СДС повторно ја покажа својата неспособност и неподготвеност за работа. Наместо да зборуваат за проекти и решенија за граѓаните, тие се жалат дека дневниот ред бил предолг. Но, кога со години биле навикнати на неработење, нормално е да им пречи динамиката и обемот на работа што денес се случува во Општина Битола. Времето на удобност, изговори и празни прес-конференции заврши. Ако навистина ги интересира што се работи во Битола, нека ја погледнат Комисијата за јавни и комунални дејности, каде раководителот на одделението повеќе од еден час детално ги образложуваше проектите и активностите што се реализираат низ градот и населените места. Паниката, нервозата и нетрпеливоста што денес ги покажуваат се најдобар доказ дека се свесни за сопствената слабост и за довербата што секојдневно ја губат кај граѓаните. Битола работи. Проектите се реализираат. Резултатите се видливи. А СДС останува заглавен во старите навики повеќе жалби, помалку работа. Граѓаните гледаат, споредуваат и знаат кој работи, а кој само бара изговори за новиот пораз што им следува“, возвраќа Бојкоски.

 

А.Б 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани