
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Денес без вода за пиење се селата од Кравари до граничениот премин Меџитлија, соопшти ЈКП Водовод Битола
Центарот за управување со кризи информира дека поради обилните врнежи од дожд во последното деноноќие на повеќе локации во државата се регистрирани зголемување на водостоите на реките како и одредени излевања, поплавени објекти и одрони.
Битолски регион: Излевање на реката Шемница кај с. Лера со поплавена куќа и штали. Во општина Новаци е прекинат патот кон рудникот Брод–Гнеотино поради надојдена вода од Црна Река.
Преспански регион: Излевање на реки во с. Царев Двор и Дрмени со поплавени куќи; Постои опасност од излевање на Голема Река.

