2win800x200

„Македонија пат“ полуизненадени од новиот снег

Ноември 27, 2017

Битолчани кои ова утро патуваат за Скопје објавуваат на фејсбук слики од состојбата на автопатот, пишувајќи дека има снег на Плетвар , а песок е фрлен само на коловозот од страната на Прилеп.

-После многу години „Македонија пат“ не се изненадени од снегот туку само полуизненадени- коментираат битолските возачи.  

 

Што се однесува до Битола, Советот на општина Битола ја утврди програмата за организирање и функционирање на зимска служба.

Годинава од службата се очекува зголемена ефикасност на  нивото на чистење на снегот и голомразицата од коловозните површини.

– За реализација на програмата ќе бидат вклучени повеќе јавни институции во градот чија основна задача ќе биде одржувањето на магистралните и собирните улици, односно коловозните површини кои изнесуваат околу 180 километри, чие расчистување ќе се врши со соодветен приоритет. Чистењето на снегот и мразот од улиците во Стара чаршија и ул. „Широк сокак“ во Битола ќе се врши со собирање и исфрлање на снегот и мразот, информираат од општина Битола.

За работа на службите и претпријатија обезбедени се 14,2 милиони денари кои ќе бидат искористени за набавка на индустриска сол, песок-ризла, ладна асфалтна маса и средства за материјални и човечки ресурси.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани