2win800x200

Лицата со телесен инвалидитет бараат персоналната асистенција да биде законски регулирана

Ноември 27, 2017

Лицата со телесен инвалидитет бараат персоналната или лична асистенција да биде законски регулирана  и да се спроведува по европски  терк.

 

Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет „Мобилност-Македонија“во Битола пред членови на сојузот од повеќе македонски градови го претстави проектот „Персонална асистенција“.

Бранимир Јовановски, претседател на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет „Мобилност-Македонија“вели дека на лицата со телесен инвалидитет им е потребна конкретна поддршка.

- Грижата за социјалниот живот и потполна инклузија на лицата со телесен инвалидитет во сите пори на општеството е возможна само со конкретна поддршка. Услугата персонална асистенција во Македонија досега не беше доволно позната и организирана, но со поддршка на проект од ЕУ обезбедивме практична помош на 70 лица со инвалидитет од повеќе македонски градови,вели Јовановски со очекување Министерството за труд и социјална политика да преземе конкретни активности за озаконување на оваа услуга за лицата со телесен инвалидитет.

Според ортопедот Нико Јанков, персоналната асистенција претставува систем на планирани и изведувани постапки кај лицата со повисок и највисок степен на инвалидност, со кои се олеснува и се прави поднослив нивниот живот.

- Постапките се прават од обучени специјализирани даватели на услуги, персонални асистенти, на услуги во одреден или неодреден временски период. Во таа смисла, потребна е прецизна законска регулатива и прифаќање на правилата и од корисниците и од асистентите. Во светот се поголема е улогата на заедницата во преземањето на обврските кон лицата на кои им е неопходна персонална асистенција, вели Јанков.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани