2win800x200

Ќе се мапираат загадувачите на воздухот во Битола

Ноември 24, 2017

Битолчани ќе се вклучат во лов на загадувачи на воздухот во градот, посебно на оние кои палат гуми и пластики, а информациите ќе бидат доставувани до Општинскиот инспекторат за животна средина. Тоа им го озвозможува прокетот „Сликај, постирај, алармирај“ на Регионалното географско друштво „Геосфера“ кое денес потпиша меморандум за соработката со Општина Битола.

 

Професорот по географија Мите Ристов, член на „Геосфера“ ја објасни постапката дека граѓаните ќе можат да се вклучат користејќи ги мобилните телефони и преку одредена апликација ќе можат да сликаат загадувач.

„Фотографијата ја постираат на нашата фејсбук група. Ние ги преземаме координатите, правиме интерактивна мапа на ‘Гугл мапс’, која во секој момент граѓаните можат  да ја отворат и да видат на која локација има загадувач и на кој начин загадуваат. Ова го доставуваме до Општинскиот инспекторат за животна средина, па така инспекторот ќе може да има повеќе очи за да види како е загадувањето низ градот и побрзо да интернира“, рече Ристов.

Тој додаде дека мора да признаеме оти најголемиот процент од загаденоста на воздухот потекнува од самите нас и палењето на огништата со дрва, а особено со оној дополнителен материјал што го користат некои граѓани како прегорено масло, плаастика, гума.

Градоначалничката Наташа Петровска изјави дека започнуваат со суштинско согледување на проблемите околу згадувувањето, а не со  пропагандни чекори кои не ја менуваат суштината на проблемот. Преку овој прокет и соработка, Петровска  смета дека се создава мапа со загадувачи во Битола.

„Општина Битола има само еден инспектор за животна средина и тој не може физички да стигне да ги согледа секаде проблемите.  Вака нашиот Општински инспекторат ќе добива стручна помош во лоцирање на пунктните места и точки каде имаме загадување во Битола. Ќе видиме кои делови од градот во која сатница од денот се позагадени и во кои делови треба да реагираме“, рече Петровска.

Се прават напори за набавка на попрофесионални апарати за мерење на загаденоста, посебно на ПМ честичките, од оние со кои сега располага Регионалното географско друштво. Со таквите мерни апарати со  референтни бројки ќе може да ги мапираат загадувачите во Битола. . 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани