2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Магла густа како тесто ја вклешти Битола

Декември 17, 2019

Битола во текот на вечерта и утрово беше најзагаден град во земјава. Од вчера вечер котлината е приклештена до магла, по битолски кажано сињак, која не дозволува проветрување и загадувачките супстанци остануваат под маглената капа. Видливоста е намалена на десет до петнаесет метри.

 

Така, утрово ПМ 10 честичките измерени од мерната станица Битола 2 изнесуваа 145 микрограми на метар кубен, што беше повеќе од било кое друго населено место во Македонија.

Иста беше состојбата и во текот на вечерта. Највисоки концентрации на ПМ10 честички беа измерени околу полноќ во Битола во споредба со сите други градови во земјава. На официјалната страница за квалитет на воздухот на Министерството за животна средина беа објавени податоци дека мерната станица Битола 2, која се наоѓа во центарот на Битола, измерила 341 микрограм на метар кубен суспендирана прашина. Втор на листата, по Битола е Струмица со измерени вредности од 249 микрограми, а на трето место Тетово со 155 микрограми.zagadeno 2

Во Битола беше позагадено дури и од главниот град Скопје каде вредностите околу полноќ беа три пати помали.

За високо загадување деновиве алармираше и Платформата „Земи здив“. Од таму и во текот на минатата недела регистрирале зголемени концентрации на загадувачките ПМ10, ПМ2,5 И ПМ1 честички. Најголемо загадување регистрирала мерната станица во Баир, потоа мерните станици во Бадембалари, Јени Маале и Баир беа со повисоки вредности, а Декорпод, СН Центар и Општина Новаци со релативно пониски вредности.zagadeno

Веќе три дена Битола е приклештена под капа од сињак, како што битолчани ја нарекуваат маглата. Таа ја намали видливоста и темепратурата ја држи неколку степени над нулата. Маглената капа е штетна зашто не доволува проветрување на воздухот и под неа остануваат сите загадувачки супстанци.zagadeno 3

 Во услови на магла на околните ридови и на Пелистер времето е сончевото, а Битола не се гледа од магла. Од повисоките места градот изгледа како да е прекриен со поларно езеро, над кое се издигаат само оџаците на РЕК.
 
Ваквиот климатскиот феномен кој се случува во градот преку зима е предизвикан од инверзијата на воздухот. Професорот Борис Ангелков вели дека ладните воздушни маси легнуваат во Пелагониската Рамнина, а топлиот воздух бега нагоре кон Пелистер. Пелагонија е заградена со големите планински масиви Баба и Ниџе. Продорот на топлиот воздух од регионот на Медитеранот тешко доаѓа до неа, освен кога дуваат јаки јужни ветрови, но тоа е во летните периоди. Зимата тешко продираат поволни климатски услови. Маглената капа паѓа од Тополчани до Лерин. Овој крај има континентална клима, слична на онаа во Сараево, Софија и Белград.

Во Битола во просек има по 22 магловити денови. За најмаглив месец се смета декември со 6,4 денови со магла, па јануари со 6,3, ноември со 4,1 и февруари со 2,8.

Ж.ЗДРАВКОВСКА

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани