2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Битолските тeaтри на дното на листата по посетеност за сезоната 2018/2019 според ДЗС

Јануари 16, 2020

Огромен пад на посетители во двата професионални театари во Битола бележи Државниот завод за статистика во податоците објавени за сезоната септември 2018-јуни 2019 година, во однос на претходната 2017/2018 година. Намален е и бројот на одиграни претстави како на домшана сцена, така и на гостувањата надвор од Битола. Според ДЗС, ланската сезона двата професионални театри имале 9614 посетители, што е сериозен пад во однос на сезоната 2017/2018 година кога имало речиси 25 илјади посетители.

На овие две сцени се подготвени и диграни вкупно 22 премиери, вклучително со разни гостувања на други теаатри, а пред љубителите на театарската уметност имало вкупно 127 претстави, за разлика од претходната сезона кога се одиграни 181 претстави.

Оваа бројка од 9614 посетители што ја објавува Државниот завод за статистика, ја става Битола не само зад скопските театри, туку и зад велешкиот, кумановскиот, прилепскиот , струмичкиот и штипскиот театар. Зад двата битолски театари се само охридскиот со 5270 посетители во сезоната 2018/2019 и театарот во Тетово со 3480 посетители.

Апла.мк побара одговор  од Народнит театар во Битола, на што се должи падот на посетители, а од таму рекоа дека располагаат со друга сатистика, но нивната се однесува на цела 2019 година за кога се регистрирани 27 илјади посетители. Но, овие подтоци до апла.мк ќе бидат доставени во текот на утрешн иот ден, по што ќе бидат објавени.

Сепак статистика бележи намалување на бројот на прикажани претстави и бројот на посетители во сите театари во државата.

Е.М:

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани