АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во Битола започна изградбата на затворениот пливачки базен,со димензии 25 метри должина и 9 метри широчина, со инвестиција од 43 милиони денари, како резултат на соработката помеѓу локалната и централната власт. Пливачкиот затворен базен, е проектиран според сите стандарди за одржување како на големи натпреварувања во нашата држава, така и на меѓународни натпревари. Рокот на изведба е 18 месеци. Базенот во Битола е дел од големиот проект за изградба на затворени пливачки базени во 14 градови во државата, во првата фаза базени ќе се градат во 6 градови.