АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Техничкото училиште СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ од Битола беше домаќин на претставници на делегацијата на германското стопанство во Република Северна Македонија, Патрик Мартенс – директор на Делегацијата, Дејан Чуповски – проектен менаџер за дуално стручно образование и Вера Јовчевска – проектен асистент за дуално стручно образование.
Целта на нивната посета беше официјализирање на соработката која Техничкото училиште ја има во делот на дуалното стручно образование. Во таа насока беше потпишан меморандум за соработка помеѓу директорот на Делегацијата на германското стопанство Патрик Мартенс и директор Владимир Роме.
На средбата присуствуваа и претставници од компанијата Кромберг и Шуберт со која од оваа учебна година, училиштето партнерски го имплементира образовниот профил техничар за индустриска мехатроника.
-Нашето училиште доби официјална идентификациона табла со која се потврдува дека сме партнерско училиште во кое се реализира дуално стручно образование. Покрај тоа, од делегацијата добивме и пет комплети на прирачен алат за образовните профили од машинска струка во вредност од 1125 евра, вели директорот на СОТУ „Ѓорги Наумов“- Битола, Владимир Роме.
На состанокот присуствуваше и Владимир Костурски, претставник од локалната самоуправа кој беше запознат со сите активности во рамки на дуалното стручно образование. Сите инволвирани страни го изразија своето задоволство од досегашната соработка и најавија заедничка кампања при уписот за следната учебна година. Воедно, побарано е општина Битола да биде промотер на ваквиот тип на образование како еден од начините за надминување на проблемот со млад стручен кадар во нашиот регион.