2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

СДСМ: Градоначалникот Коњановски да ја разреши директорката на Техничко, Сервини, која ги користи учениците за пресметки со колеги

Февруари 17, 2023
Интегрален текст од изјава на Весна Баковска, претседател на
комисија за образование
 
Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски веднаш и без одлагање да ја
разреши од функцијата директортката на Средното Техничко училиште, Жанета
Сервини.
 
Надлежните институции во образованието и заштитата на детските права ги
повикуваме веднаш да постапат и да ги утврдат фактите во последниот скандал што го приреди Жанета Сервини.
 
Сервини ги користи учениците како алатка за исполнување на лични и партиски
агенди и се пресметува со колегите преку децата. Сервини е недостојна за
директорката фотелја и затоа градоначалникот Коњановски мора да ја разреши од функцијата. Во спротивно, ќе биде нејзин соучесник во кршењето на законите и рушењето на реномето на Техничкото училиште.
 
Начинот на кој се менаџира во Техничкото училиште во Битола е слика за
односот на ДПМНЕ кон образованието во Битола.
 
Градоначалникот Тони Коњановски и во второто полугодие не обезбеди превоз за учениците, нема ниту една инвестиција
во некое битолско учлилиште од Буџетот на општината, ги промаши кадровските
решенија. Уништувањето на битолското образование е веќе видена слика од ДПМНЕ, само сега актерите се други. Матрицата е иста. Коњановски не знае да ги менаџира училиштата, а камо ли Битола!
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани