2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Роме со демант на реакцијата на Сервини

Февруари 17, 2023

Поранешниот директор на Техничкото училиште во Битола, Владимир Роме, испрати демант на реакцијата на актуелната директорка Жанета Сервини, кој интегрално го пренесуваме.

За случајот кој е актуелен во изминатите денови ќе оставам да се произнесат надлежните институции во државата и да утврдат кој и како ги злоупотребил учениците. Овој скандалозен чин нема да биде сокриен од јавноста како што беше случај со патувањето во Република Бугарија за кое што до ден денес никој не разбра со каква цел и по чија покана беше реализирано.

Јас во два наврати јавно пред Наставничкиот совет побарав одговор од в.д. директорката да го информира Наставничкиот совет која беше целта на нивната посета во Република Бугарија на што го добив одговорот кој го приложувам во прилог на оваа моја реакција на нејзиниот демант во кој ме споменува.Screenshot 20230217 220020 OneDrive

Оставам на секој сам да си формира свое мислење за нивото на комуникациска култура на раководно лице на средно училиште кое видно од одговорот забранува поставување на прашања!

Посета во Република Бугарија имаше но, тоа не беше дел од Еразмус+ програмата како што не беше ниту продолжување на претходно воспоставена соработка на училиштето со Република Бугарија!

На ден 09.02.2023 год. родителите побараа отчет од в.д. директорката за злоупотребата на нивните деца за што јасно и напоменаа дека тоа е кривично дело, а наместо одговор им беше понудено да се поништи Записникот!

Дали в.д. директорката воопшто знае што значи поништување на службен документ? Дали е свесна дека тој одговор го даде пред десет присутни лица?

Можеби ќе знае кога ќе ги исполни условите за директор регулирани со Закон, а со самото тоа и за в.д директор, кои со Записник од ДПИ во моментот не ги исполнува.

А како добила втор в.д. мандат спротивно на Законот за средно образование е сосема друго прашање.

Законот за средно образование во чл.93 точно дефинирал што следува во случај на злоупотреба на ученици и нивни родители од страна на директорот, па од тука е сосема јасна нервозата на в.д. директорката.

Учениците се извадени од час да го потпишат Записникот, без присуство на предметен наставник, без присуство на класен раководител и без присуство на нивните родители. Што е уште поалармантно, на учениците не го прочитале Записникот што го потпишаа.

Дали е тоа законска постапка како што наведува в.д. директорката во демантот?

Зошто на Записникот ги нема потписите на в.д. директорката и нејзиниот помошник кои го воделе разговорот со учениците на 26.12.2022 год.?

Зошто учениците се извадени од час на ден 06.02.2023 год. (после скоро два месеци од давањето на нивната изјава), со напомена дека мораат да го потпишат Записникот, треба да утврдат надлежните институци.

В.д. директорката не направи службен разговор со мене во врска со случајот па поради тоа во демантот изнесува лаги во обидот да се амнестира од одговорноста но, за злоупотреба на малолетни лица, ученици во I година, амнестија нема.

Владимир Роме

 

 

Ова е последна реакција што ја објавува апла.мк на оваа тема.

Редакција апла.мк

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани