2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Се реконструира спортското игралиште во ОУ „Кирил и Методиј“

Февруари 25, 2020

Започна санацијата на спортското игралиште во  ОУ „Св. Кирил и Методиј“. Ова е прва интевенција на игралиштетот изградено по 40 години, а покрај комплетно санирање на површината. ќе биде поставена нова спортска опреа, а ќе биде обновена и заштитна мрежа на спортското игралиште. 

 IMG 20200225 110128

„Се наоѓаме во основното училиште „Св. Кирил и Методиј“, во истото, во кое што своевремено делувале и Ѓорѓи Сугарев и Даме Груев. Училиште, во кое што 40-тина години немало градежни зафати на надворешната површина и кое што со сегашните активности целосно ќе биде санирано спортското игралиште, во делот на асфалт, но и во делот на стативи, кошеви, хортикултурно уредување, како и мрежата околу самото игралиште. Ова место, треба да наликува на многу поубаво место и катче за нашите најмили, во едно од училиштата кое се наоѓа во централното градско подрачје со голем опфат на ученици и кое што заслужува подобри услови“, рече градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска.

IMG 20200225 110841

На стартот од градежните активности во спортскиот дел од училиштето, чија вредност е 2.000.000 денари, градоначалничката уште еднаш потенцираше дека оваа локална самоуправа откко ги врати долговите и ги одблокира сметките на училиштата, сега се подобруваат и условите за изведување на наставата 

IMG 20200225 111514

-Чекор по чекор покажавме дека не само што ги извлековме училиштата од долгови, туку и успеавме за многу краток период да влеземе со инфраструктурни зафати, кои што се исклучително значајни за да имаме амбиент каков што доликува на образовните институции“, посочи Петровска.

IMG 20200225 110525

Директорот на училиштето Душко Костовки, го истакна значењето од овие реконструктивни зафати и бенефитот кој ќе го имаат над 450 ученици во ова основно училиште.

Дденес започнаа градежните работи., училиштето добива сосем нов лик, ќе се подобри и наставата по физичко воспитување, а ќе се подобри и сигурноста за учениците и жителите кои гравитираат околу училиштето“, рече  Костовски.

Градежните работи на спортските терени треба да звршат за  30 работни денови.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани