АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На Републичкиот натпревар за најдобар есеј на англиски јазик на тема „Волонтерство“, ученичката Емилија Крстевска од I 12 клас, билингвална паралелка при СОУ „Таки Даскало“-Битола ја освои првата награда, под менторство на професор Валентина Богојовска. Натпреварот беше во организација на Мировниот Корпус. Учениците од целата држава имаа можност да испраќаат свои есеи од 21-01-2020 до 03-02-2020. Конкуренцијата беше огромна; вкупно 428 есеи беа испратени од ученици од целата држава.
-Многу сме возбудени поради постигнатиот успех. Јас како ментор на Емилија препознавам голем талент и сигурна сум дека после оваа награда ќе следат редица други за Емилија, бидејќи посветеноста, вложениот труд и талентот неизбежно ќе вродат со плод. Билингвалната паралелка е расадник на тaленти, секој ученик на некое поле, за Емилија тоа е англискиот јазик и литературата-рече професор Богојовска.
-Исполната сум со среќа, од моментoт кога ги дознав резултатите не можев да ја тргнам насмевката од моето лице. Задоволна сум со успехот кој што го постигнав, но исто така и благодарна за можноста која што ја имав да конкурирам. Пишувањето на темата волонтирање беше во моја предност. Како личност која сеуште се запознава со тоа што значи да си волонтер и кои се позитивните и негативните страни на волонтерството, мојот есеј е пишуван од лично искуство. Но, овој успех се добива само со поддршката што ми ја дава мојот класен раководител и професорка по англиски јазик, изјави наградената ученичка Крстевска.
Големо влијание за овој постигнат успех има и атмосферата во која се реализираат секојдневните наставни и воннаставни активности во СОУ Таки Даскало-релаксирана работна атмосфера, достапност до одлични услови за учење и работа, натпреварувачки дух во паралелките, како и одлична соработка помеѓу учениците и професорите.