2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Анкета со битолчанки: ВО ШТО Е МОЌТА НА ЖЕНАТА?

Март 07, 2020

Дамите кои ги анкетиравме велат дека жената во себе носи цел универзум и иако е половина од општеството, цел живот се грижи за останатата половина

 

 

нели

Нели Панова, планинар „ 8ми Март го славам со качување на Пелистер“

Верувам во жените, ги сакам жените заштоа што се способни, паметни, снаодливи...Моќта нормалано е во нејзината надворешна убавина, ако ја има и во душата, се можи, знае што сакаи како да успее да си го оствари науменото, кога тогаш. За мене 8-ми Март е секој ден, секојдневна броба за слободното време, домашна поделба на работите, рамноправна одлука со, како, кога да се купува за дома. И за 8 Март се искчауваме на Пелистер, на пример, пред осум години ќе загиневме на пат за Големо Езеро. Но, не се откажавме од намерата овој ден да го поминеме качувајќи се на планина... Ора не, поклони не. Фала многу, но да чекаш 8 ми Март за да ми купиш нешто, воопшто да не ми купуваш.

олга

Олга Лозановска, специјалист интернист и советник „Семејството е најголемата среќа“

Денес има многу успешни жени, а тоа се темели на нивната зрелост, став, знаат што сакаат, имаат стил( животен, моден, професионален). Успешната жена зрачи со сопатвен шарм затоа што знае да разговара, да ги почитува луѓето, да биде среќна и сето тоа ја прави убава. Најсовршената улога на жената од било кој аспект е нејзината улога на мајка. Една порака до сите жени: Почитувајте се себе си, имајте лична слобода, изберете она што вие сметате дека треба да го работите.. Бидете вредни и комплетно посветени на својата работа, а најмногу на вашето семејство. Семејството нека биде вашата најголема среќа.

мимоза

Мимоза Кузманова Танушевска дипломиран праник „Моќта е во жената од дамнина до денес“

Рекле... „Зад секој успешен маж, стои успешна жена“, „Жената е столбот на куќата“, „Без жена не би имало сонце, месечина, нити оган“, „Само силна мајка ќе израсне силни личности“, „Ако сакаш да биде завршена работата, дај му ја на жена“...Ете каде е моќта на жената, од дамнина до денес и секогаш!

tawa

Тања Крнчева, советник „Жената го носи со себе цел универзум“

Моќта на жената е во самоспознанието и самодовербата. Жената го носи во себе цел универзум. Во моментот кога ќе стане свесна и си го признае тоа, се претвора во најмоќното оружје кое го движи светот. Целта е да го користи за добро!

fatma2

Фатма Бајрам Аземовска, магистер по библиотекарство и претседател на Сумнал „Моќта на жената е образованието и во делата што ги прави“

Од животот научив да го правам тоа што сакам да го правам, да знам што сакам и да бидам истрајна во тоа што сакам да го правам. Среќна сум кога можам искуството и знаењето   да го споделам со некој друг, да можам да мотивирам млади девојки. Тоа е главното мото што ме држи да бидам позитивна и исполнета со љубов. Сета енергија ми ја даваат моите две деца Леона и Даријан и верувам дека е тука мојот покоен сопруг Нешат кој ме чува од небото и ме чува од зли луѓе и од нивната енергија. Моќта и мудроста на жената е од огромна важност во денешно време! Без разлика дали верувате во тоа или не, жените се лидери уште од почетокот на времето. А денеска жените се признаваат како такви повеќе од било кога. Во ова ново време кога парадигмите на размислување се менуваат, грижата и поддршката во развојот на женската сила, мудрост и моќ е повеќе од потребна.

буба

Љубица Ангелова, ПР експерт „Само паметна жена може да биде моќна жена“

За мене моќта на жената е во нејзината памет, во нејзиниот интелектуален багаж и во нејзината избрусена низ искуства, автентичност. За таквата жена животот е секојдневно откривање, а сопствените атоми ги троши на автореализација, но и на безрезервно споделување љубов со луѓето кои и значат, сепак не по цена да се откаже од комплетното внатрешно себечувствување и себепочит. Само паметната жена може да биде моќна жена. Неа не ја демотивираат немилите ситуации, напротив низ пукнатините и се провлекува најубавата светлина. Најчесто на нашите простори таквите жени не се оние кои се во групата "одобрен општествен пример", или пак жени "по стереотипни правила”, зошто тие не си наметнуваат лажна насмевка на лицето и имаат храброст да покажат кои се вистински и како се чувствуваат. Ретки се таквите жени. Но, доволни да го менуваат светот во кој живеат.

елена

Елена Трајчевска Павловска, советник „Жените се половина од општеството, а цел живот се грижат за останатата половина“

Моќта на жената е во нејзината способност да сака, да се грижи за останатите а притоа да биде силна таа е комбинација на убавина и мудрост а тоа ја прави уникатна.. Некаде прочитав дека "жените претставуваат половина од општеството а целиот свој живот се грижат за останатата половина" со тоа не само што жените се еднакви со мажите, според мене оваа карактеристика ги прави супериорни.

сока2

Сока Поповска, социјален работник „Моќта на жената е во наметната немоќ“

Моќта на жената е токму во нејзината претпоставена „немоќ“!!! Сите сме сведоци на нејзиното издигнување како Феникс, во многу безизлезни, тешки, трауматски, комплицирани, конфликтни и емотивни ситуации, реализирајќи ги сите свои улоги на мајка, сопруга, трудбеничка, менаџерка на сите нивоа, политичарка... во нејзината историски и општествено наметната немоќ, се сублимирани сите најпозитивни аспекти на моќта, на кои им треба само поттик, можност, мотив, но пред се слобода.

аница

Аница Ѓоргиевска, археолог „ Жените се бесценети артефакти“

Жената е таа која ја има моќта да го држи бракот, да внесе мистика во него и после многу години да го направи привлечен. Во една прилика Агата Кристи ќе каже :"Добро е да се биде во брак со археолог,колку си постара ,толку повеќе те цени". Ценете ги жените како бесценети артефакти.

светлана

Светлана Петковска, претседател на Организација на жени „Со љубов да ги oпсипшува сите свои“

Моќта на жената се огледа во: 1.Нејзиниот рационален ум. 2.Нејзината физичка убавина. 3.Нејзината моќ да си го менаџира потесното и поширокото семејство, со љубовта која ги опсипува сите свои.

 

мери

Мери Џарлиева, лекар "Сé повеќе има самосвесни жени кои знаат колку вредат"

Не се работи за моќ на жената. Ценам дека само сé повеќе има самосвесни жени, кои знаат колку вредат и со тоа си го бараат/наоѓаат правото место во секој сегмент на општество. 

психо2

Лена Христовска, дипломиран психолог "Моќта на жената е во нејзиниот инстинкт"

Моќта на жената е во инстинктот и способноста да го изгради, збогати интелектуално и да ја користи мудроста.

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани