АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Универзитетската библиотека „Св.Климент Охридски“ од Битола по повод Меѓународниот ден на жената, 8-ми Март, организира оригинална изложба на книги од женски автори. Над 150 книги од македонски авторки се изложени во холот на Битолската библиотека. Меѓу книгите има поезија, проза, литература за возрасни и деца. Излжбата покажува колку македонската жена била и е креативна кога станува збор за пишаниот збор.
„Покрај писателките кои се членови на Друштвото на писатели, поставени се книги од авторки родокрајни, од Битола или пак кои пишуваат за Битола, кои имаат издадено свои книжевни дела од сите жанрови на литератураното творештво. Оваа изложба е и традоционална за 8 ми Март. Лани имавме изложба на дела од странски писатели жени, претходно дела на детски писателки“, рече Илче Стојанов, лице задолжено за културни манифестации во Библиотеката во Битола.
Изложбата по повод празникот останува отворена во следните денови. А витрините ги красат насловите на Оливера Николова, , Вера Стојчевска Антиќ, Јадранка Владова, Драгица Најчевска, Весна Вељановска, Милица Радевска, Вера Радојевиќ, Славка Манева и многу други.