АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Со полагање цвеќе пред споменикот на Холокаустот и споменикот на Естреја Овадија Мара во Битола денес беа одбележани 77 години од депортацијата на битолските Евреи. Цвеќе положија претставници на Еврејската заедница, градоначалничката Наташа Петровска, советници, директори и други граѓани. Во церемонијата присуствуваше и ладино пејачката Сара Ароести.
„Секој 11 март во нашиот град се будат посебни емоции поврзани со Евреите кои биле во голема заедница тука во минатото, но за жал заедно со Евреите од Скопје и Штип биле депортирани и завршиле во Треблинка. 7144 животи згаснале. Но, она што го оставиле низ архитектурата и низ нивото живеење, преданијата, навиките, обичаите што ги негувале се уште како траги се присутни во нашиот град и преку тоа не потсетуваат за нивното постоење на нашите простори. Врските со нив, со Издраел како држава преставник на таа заедница, но и со Евреите од целиот свет, вклучително и Еврејската заедница од нашата држава исклулително ни значат зашто и нас како граѓани не потсетуваат да не се заборави никогаш она што нсе случило. Секоја цивилизација, секое време носи свој товар, но и обврска на оние кои го живеат денот и сегашноста да се вложат за подобрување на општеството воопшто“, рече Петровска.
(И бугарскиот генерален конзул во Битола Димитар Иванов присуствуваше на церемонијата)