2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Увид на ЕУ во реконструкцијата на Офицерски во Битола

Март 11, 2020

Какава ќе биде намената на Офицерскиот дом, разговарале меѓу другото раководителот на Секторот за соработка во Делегацијата на ЕУ во Македонија, Никола Бертолини и градоначалничката Наташа Петровска, при  завчерашната посета на Битола. Бертолини заедно со Петровкса го посетија и Офицерскиот кој е во фаза на реконструкција, при што тој бил фасциниран од просторот и можностите што ги нуди, па дури предложил и свои идеи од она што го видел низ европските градови..

-Со Бертолини меѓу другото разговаравме за содржините на Офицерски деом, што планираме и кои активности ги преземаме. Кажавме дека ние како Општина, имаме еден концепт, кој можеби ќе го надоградиме или видоизмениме, во зависност од  предлозите што ќе ги добиеме од граѓаните. И Бертолини од искуства што ги видел на други места, исто така даде идеи. Тој беше фасциниран од бројот на простории. Покрај главните големи сали има и помали, кои можат да бидат алтернативни простории за низа други активности. Но, сето тоа треба да го ускладиме со она што треба како нормативи да го почитуваме од Управата за културно наследство, затоа што сепак станува збор за специфичне објект, рече Петровска

89594510 863662550711600 2635964550750404608 n

(Фотографиите од посетата на Бертолини на Офицерскиот дом во Битола  ги објави Делегацијата на ЕУ  на својата  ФБ страница) 

Засега се уште се разгледуваат можностите за намената на Офицерски, но сепак одлуките треба да се движат во одредени рамки

-Објектот ќе биде наменет за културни настани и настани кои што ќе значат собири на граѓани, односно тркалезни маси, дебати, различни катчиња. Сакам да истакнам и едно мое видување. Ние во Завод и музеј имаме голем број експонати кои битолската јавност не ги видела, уште помлаку туристите. Би сакала низ музејски поставки да овозможиме секој граѓанин и турист да го види ова наше културно наследство. Младите покажуваат свои иницијативи, а ЕУ сега е насочена кон изградба на објекти кои ги нарекуваат Европски домови, кои се алтернативни простори за младите, вели Петровска.

Таа вели дека размислува и за изнаоѓање соодветен објект за невладиниот сектор, па како можност ги гледа придружните обејкти до Офицерски, но и други објектиза кои ќе бидат легализирани.

-Имаме многу невладини органзиации со голем број активности и планирам да ги поддржам. Дали тоа ќе биде решение во овој комплекс заедно со придружните објекти до Офицерски или пак ќе адаптираме еден цел објкет за таа намена, ќе видиме. Сега масовно се забрзуваат постпаките за легализација на објекти кои со години не биле легализирани низ цел град и во други населени места низ општината. Кога ќе се лгализраат веќе ќе можат да се преземаат активности кои ќе значат реконструктивни зафати, создавање на концепт на отворање на просторот за граѓаните, значи многу работа во таа насока, рече градоаначалничката Наташа Петровска.

За реконструкција на Офицерскиот дом во Битола се обезбедени еден милион евра преку ИПА 2 програмата на ЕУ.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани