2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Од денес задолжително носење маски

Април 23, 2020

Македонските граѓани од денeска треба да носат заштитни маски за да го спречат ширењето на коронавирусот, а се скратува и пшолицискиот час. Според Уредбата донесена од Владата, заштитна опрема на лицето мора да се носи на сите затворени јавни места каде има повеќе луѓе, како што се пазари, продавници, банки, пошти, државни и здравствени установи, јавен превоз. На отворен простор, маските мора да се носат на пазари и места каде не постои можност за одржување на физичко растојание од два метра.

Маски не мора да се носат кога граѓаните се наоѓаат во своите дворови, кога возат велосипед, спортуваат или се возат во автомобил со членови од семејството. 

Согласно овие одлуки се намалува и времетраењето на полицискиот час. Секој работен ден, од понеделник до петок ќе биде дозволено движењето на граѓаните од 05:00 часот наутро до 19:00 часот. Забраната за движење од понеделник до петок во целата држава ќе почнува во 19:00 часот и ќе трае до 05:00 часот наутро.

За лицата над 67 годишна возраст ќе биде дозволено движење секој работен ден од 05:00 часот наутро до 12:00 на пладне.

Младите лица до 18 години ќе може да излегуваат од понеделник до петок од 13:00 до 19:00 часот.

Со новите одлуки се намалува и ограничувањето на движење за време на викендите. Од сега забраната за движење за викенд ќе почнува од 15:00 часот во сабота, а ќе трае до понеделник до 05:00 часот наутро.

Во сабота, за лицата над 67 годишна возраст ќе биде дозволено движење од 05:00 часот наутро до 11:00 часот наутро, а младите лица до 18 години ќе може да излегуваат од 12:00 до 15:00 часот.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани