Webp.net gifmaker

(фото)Последици од синоќешните поплави, Кризниот штаб на увид

Јули 05, 2020

по4

po2

„Сѐ она што буквално цел живот сум го вложувал ми се уништи. Штетата е огромна, буквално сѐ е уништено. Од кревети, мебел, маси, столици, паркетот подигнат во куќата“,се пожали Тони Марковски, жител на Јени Маале откако вчера обилчниот дожд му го поплави домот. Штети врз објекти, покуќнина и возила остави синоќешната поплава во Битола кога за 15 минути наврнаа 36 литри на метар квадратен дожд. Најголеми штети се предизвикани во пониските делови на Битола

„ Ноќеска беше хаос, девојчето пиштеше од страв. Се насобра вода околу 40 сантиметри и преку трите скали влезе во куќата. Од јавните претпријатија со моторчиња ја испумпаа водата од дворот. Но, што дека се спаси дворот, кога куќата ми се уништи“, рече Марковски.

На дел од жителите и возилата им „пливаа“ во надојдената вода. Тие се жалат дека не само дождот, туку поплавата била предизвикана и од каналот кој пред десетина години кога се градел обиколниот пат М5 бил прекинат.

„Ни се случи големата вода, заврна голем дожд, надојде водата и немаше каде да истекува. Така е зашто каналот, испустот кон железничката пруга е затворен зашто патот пред десет години кога го правеа, со новиот колектор не му пуштија цевка. И поради тоа тука ни изби водата. Таму да се пушти цевка 600-700 метри треба“ , вели Крсте Трајчевски чие возило беше поплавено до шофершајбна.

Во текот на вечерта имаше и поплавени визби и долни катови од згради кои биле изградени без канализација за атмосферска вода, а некои и под потребното висинско ниво.

По обилните врнежи од дожд, кои синоќа ја зафатија Битола и по целоноќните интервенции на терен од страна на екипите, денес увид на лице место во најпогодените локации во градот, изврши градоначалничкатa на Општина Битола Наташа Петровска, заедно со директорите на јавните претпријатија.

„За жал во текот на вчерашниот ден, краткотрајно но сепак драматично, Општина Битола ја зафати невреме. 36 литри на метар квадратен заврнаа за само 15 минути, или во текот на 24 часа 54 литри на метар квадратен, а само за споредба, во Прилепско наврнаа 12 литри на метар квадратен. Тоа потврдува дека бевме на удар на невремето. Но, веднаш, по првите повици, јавните претпријатија, вклучително и пожарната делуваа на терен, се одржа Кризен штаб на кој се информиравме што дотогаш е направено и се дадоа натамошни напатствија на делување, се работеше во текот на целата ноќ на расчистување на критичните точки на терен, а она што следува во текот на денот е расчистување и дезинфекција која е значајна, особено во овие околности“, рече Петровска.

Екипите на битолските јавни претпријатија Водовод, Комуналец, Нискоградба и Паркинзи, заедно со екипите на ТППЕ Битола во координација со претставниците од Дирекцијата за зазштита и спасување и Центарот за управување со кризи, во текот на ноќта веднаш по обилните дождови реагираа на терен со севкупната мехаанизација. Интервенциите се одвиваа во населбите Карпош, Јени Маале, на влезот во Битола М5 кај бензинската станица на Лук Оил, кружниот тек на Дулие, Горно Оризари, кај училиштето Тодор Ангелевски, на ул. Дебарска во населбата Баир и на други локации по повик на граѓаните. Се работеше и на испумпување на водата од куќи, станови и установи.

„Карактеристично и забележително беше тоа што веднаш по запирањето на дождот, од повеќето критични точки водата се повлече, што покажува дека сепак повеќе дискутабилна била поројноста на дождот, отколку канализациониот систем. Денес ќе имаме новв кризен штаб, на кој ќе имаме согледување за состојбата, но и да имаме целосна подготвеност за она што евентуално би следувало“, посочи Петровска.

Општината на својата веб страна денес ќе истакне повик до граѓаните кои што претрпеле штети да достават барање, а по комисискиот увид да им се даде одредена помош.

 

poplava 3

poplava 4

poplava 5

poplava 6

poplava 7

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани