Webp.net gifmaker

Гори дуќанот за теписони под Ленски Мост

Јули 05, 2020

Силен пожар попладнево го зафати дуќанот за теписони и постелнина во Старата чаршија зад дуќаните на Ајчо на улица „Никола Тесла“ во Битола. Во интервенцијата беа вклучени три противпожарни возила и 12 пожарникари. 

 

„Дојава за пожар добивме во 15,50 часот, по што екипите се упатија во чаршијата. Пожарот зафати само еден дуќан и беше спречено да се прошири на околните објекти. Огнот беше изгаснат и ситуацијата се констролира“, изјави за Апла.мк командирот на Битолската поротивпожарна единица Костадин Поповски. 

Пожарот предизвика паника во чаршијата, па повеќето од сопствениците на дуќаните под Ленски Мост додјоа да видат што се случува и дали постои опаснст од проширување. Имаше и битолчани кои помагаа во гаснењето, но и такви кои гледаа одоколу.   

 

106923359 778135786059009 4945374168595533094 n

106911869 632220440718712 498899384917759581 n

107594975 898778160607010 652064433061658553 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани