Пожар изби попладнево во новиот трговски центар „БЛИС“ во Битола, додека објектот се подготвува за големото отворање на 5 август. Пожарот го зафати северисточниот дел од објектот и веќе интервенира противпожарната единица од Битола.
Токму денес се асфалтираше новата улица за потребите на двата трговски објекти. Во објектот веќе се мести стоката на големи трговски брендови и засега не се што се зафатил огнот и колкава е материјалната штета.








