2win800x200

Изгоре семеен автомобил на бизнисмен од Битола и два други паркирани до него, дознава „АПЛА“

Мај 20, 2025
фото Апла.мк фото Апла.мк

Во пожар што се случи ноќеска, дваесет минути по полноќ, изгореа три автомобили паркирани пред колективна зграда на улицата „Леринска“ во Битола. Огнот најпрво избувнал во „тојота“, а како што велат очевидци со кои разговараше „Апла“ слушнале силен тресок пред да избувни огнот. Ветрот го разнесол пламенот на останатите два автомобила што биле оставени на  паркингот -„пасат“ и дачија“.  

„Во 24 и 20 часот имавме дојава за пожар. Упатено беше едно возило  на улица „Леринска“ со 5  пожарникари. Интервенцијата траеше еден час до 1 и 20 часот. Зафатени беа три возила. “ изјави командирот на Противпожарната единица на Битола Горан Димкоски за „Апла“ .

(ОБНОВЕНО) Според портпаролот на СВР Битола, Сања Стаматова, настанот во полиција  е пријавен  20 минути по полноќ, а трите опожарени возила се водат на приватни фирми, едното е на битолска, другото на скопска и тетовска фирма. 

„Пожарот избувнал на паркинг на улица „Леринска“ каде од страна на непознат стрител била фрлена запалива течност при што опожарени биле три возила „тојота рав“ хибрид со битолски ознаки сопственост на приватна фирма, корисник  била С.К. Другото опожарено возило било „фосфаген пасат“ со тетовски регистерски ознаки сопственост на приватна фирма и третето зафатено со оган возило е „дачија“ со скопски ознаки исто така сопственост на приватна фирма. Извршен е увид на местото на настанот се превземаат мерки да се расчисти случајот“, изјави Стаматова за „Апла“. 

Неофицијално првиот опожарен автомобил бил  во сопственост на семејството на бизнисмен од Битола. 

А.Б 

 

 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани