2win800x200

Се одржа хуманитарната трка „Сите за Кочани, трчаме заедно“

Мај 26, 2025

Во неделата, во рамки на одбележувањето на Денот на Европа, Јуроп Хаус мрежата низ седум градови низ државата ја организираше хуманитарната трка „Сите за Кочани, трчаме заедно“, со која граѓаните го искажаа своето единство и поддршка преку активност што спојува.

Во Битола, над 400 учесници се приклучија на иницијативата, исполнувајќи го Градскиот парк со енергија, упорност и позитивен дух. Иако временските услови беа предизвик, тоа не ги спречи учесниците заедно да ја поминат патеката и да испратат силна порака дека хуманоста не познава пречки.

Настанот претставуваше вистинска слика на европските вредности како заедништво, еднаквост и грижа за другиот. На овој ден, не победија најбрзите, туку оние што трчаа со срце.

SZK 258 800x532

SZK 250 800x532

SZK 188 800x532

SZK 129 800x532

SZK 210 800x532

SZK 152 800x532

SZK 155 800x532

SZK 162 800x532

SZK 113 800x532

image002 800x477

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани